Претседателот на Барса и агентот имаа средба во Торино

Не бил само Халанд, Лапорта и Погба разговарале за трансфер на уште тројца фудбалери

Според пишувањата на Спорт, Жоан Лапорта и Мино Рајола разговарале за Ерлинг Халанд, Пол Погба, Чави Симонс и Нусаир Мазрауи, тренерот Чави веќе шкртнал едно име и не го сака играчот на Манчестер јунајтед.

Претседателот на Барселона и агентот имаа средба оваа недела во Торино, ја искористија церемонијата за „Златно момче“ за да поразговараат за настап на трансфер пазарот.

Според пишувањат на Спорт, тема на разговор биле Ерлинг Халанд, Пол Погба, Чави Симонс и Нусаир Мазрауи. Првиот има откупна клаузула од 75 милиони евра, додека пак останатите тројца се под договор до јуни 2022, и беспари можат да дојдат на Камп Ноу.

Весникот додава дека Чави веќе шкртнал едно име и не го сака Пол Погба, фудбалерот на Манчестер јунајтед не се вклопува во плановите на тренерот на Барса.

Чави за средниот ред преферира друг профил на играч, односно фудбалер кој знае да игра со топката и физичките квалитети не му се главен адут.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе