Недолична прослава на трофејот

Навивачите на Шкендија со навреди кон Македонците ја прославуваа шампионската титула! (ВИДЕО)

Навивачите на Шкендија до доцна во ноќта ја славеа шампионската титула во својот град, но наместо со песни за својот тим тие прославуваа и со погрдни зборови кон Македонците.

На социјалните мрежи се појавија видеа со срамно навивање на навивачите на Шкендија низ улиците на Тетово по последното коло во домашното првенство.
 
Навредливите навивачки песни кои на „Балистите“ им се на репертоарот и на секој натпревар против Вардар, се најдоа и на нивната прослава: „Каурски пи.ки“ и „Македонско девојче ку..а голема“ ечеа по тетовските улици.
 
Не се очекува од раководството на Шкендија да го осуди скандалозното навивање на своите фанови, бидејќи тие не го осудија ниту инцидентот на своите фудбалери кои пред некој месец на арената „Филип Втори“ прославуваа победа против Вардар со погрдни зборови кон скопскиот клуб.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе