Не му ја заборавиле изјавата од пред три години

Навивачите на ПСЖ со порака до Погба: Послушај ја мајка ти (ФОТО)

По се погласните шпекулации за трансфер на Пол Погба во Париз, навивачите на ПСЖ поставија транспаренти пред „Паркот на принцовите" и тренинг центарот и порачаа дека не го сакаат фудбалерот од средниот ред.

Во последно време зачестија гласините за преселба на Пол Погба во Париз. Се пишува дека фудбалерот ги прекинал преговорите со Манчестер јунајтед за продолжување на соработката и се договорил со ПСЖ да стане третиот најплатен фудбалер на „Паркот на принцовите“.

Се најавува дека ПСЖ наскоро ќе испрати понуда до Манчестер јунајтед, „светците“ веруваат дека можат да го купат Французинот за 50 милиони евра. 

Се погласните шпекулации беа причина за фановите на ПСЖ да постават транспаренти пред „Паркот на принцовите“ и тренинг центарот, и да порачаат дека не го сакаат фудбалерот од средниот ред.

„Погба, послушај ја мајака ти, таа не сака да дојдеш тука. Не сакаме ниту ние“ – гласеше пораката. 

Реакцијата на навивачите е поради една изјава на Пол Погба од 2018, фудбалерот во разговор со Канал+, тогаш рече: „Сигурен сум дека нема да играм на „Паркот на принцовите“. Не ме привлекува овој трансфер бидејќи мојот татко и мојата мајка се навивачи на Марсеј, па Париз не се вклопува во моите планови“.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе