Го сметаат за предавник

Навивачите на Јуве со порака за Конте: Од Лече во Бари, од Торино во Милано... (ФОТО)

Синоќа се одигра големото дерби на Италија, Антонио Конте за прв пат играше против Јувентус откако си замина од таму. 

Јувентус со 2-1 го победи Интер и ја прекина победничката низа на нероазурите по што се искачи на лидерското место во Серија А.
 
Антонио Конте беше во центарот на вниманието кај навивачите на Јувентус кои му посветија порака.
 
„Од Лече во Бари, од Торино во Милано, ти си без достоинство, ова е вистината - Антонио Конте, с*ање човек“, стоеше на банерот од навивачите на Јувентус.
Антонио Конте е роден во Лече каде што ја почна сениорската кариера и каде играше шест години по што замина во Јувентус и остана до завршување на кариерата.
 
Но иако е од Лече тој две години беше тренер на Бари. Лече и Бари се најголемите ривали, соседи, тоа е дербито на регионот Пуља.
 
Конте беше успешен и како фудбалер и како тренер во Јувентус, но сега го предводи нивниот најголем ривал, Интер. Токму затоа е оваа порака на навивачите на „Старата Дама“.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе