„Специјалниот“ се најде во полициски записник

Навивач на Рома украл дрес па се правдал: Извинете, но Мурињо ме тера да правам луди работи

Навивач на Рома украл дрес од продавницата на „волчицата" во центарот на Рим, кога бил уапсен од полицијата, се правдал дека правел луди работи поради Жозе Мурињо и финалето во Конференциската лига.

Жозе Мурињо предизвика еуфорија кај навивачите на Рома кога на почетокот од летото пристигна во Рим и седна на кормилото на „волчицата“.

„Ефектот Мурињо“ сега се најде и во полициски записник откако еден навивач на Рома украл дрес од продавницата на „вочлицата“ во центарот на Рим.

Кога полицијата го уапсила момчето, тој како оправдување рекол: „Извинете, но Рома на чело со Мурињо ме тера да правам луди работи. Играме финале во Конференциска лига, не можев да одолеам“.

Можеби Рома е далеку од битката за Скудетото, но за прв пат по 31 година ќе игра европско финале и против Феенорд во Тирана ќе се бори за трофејот во Конференциска лига.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе