ХРАБАР ПОТЕГ ВО ЗЕМЈАТА КАДЕ НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Навивач го развеа ЛГБТ знамето среде терен и испрати три пораки (ВИДЕО)

Значаен дел од ова Светско првенство се и дебатите за човековите права, во преден план е ЛГБТ заедницата која негодува на забраните на организаторот во нивната земја да се вее знамето со боите на виножитото. 

Но, на мечот меѓу Португалија и Уругвај се случи скандал, навивач го развеа ЛГБТ знамето и трчаше со него по терот, го остави кај иранскиот судија, а потоа беше соборен од обезбедувањето. Многу храбар потег ако се знае во каква земја го направи тоа.
 
Дечкото облечен во супермен маичка покрај ЛГБТ правата испрати уште две пораки, од едната страна му пишуваше „Спасете ја Украина“, а од другата поддршка за иранската жена.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе