Преговорите се во напредна фаза

Навас сака во ПСЖ за поголема плата, голманот го напушта Реал Мадрид

Кејлор Навас е на чекор до преселба во Париз, Реал Мадрид и ПСЖ преговараат за негов трансфер и се очекува брза разрешница на иднината на голманот.

Утрово Марка објави дека Кејлор Навас побарал од раководството на „кралевите“ да му дозволат да замине. Репрезентативецот на Коста Рика не сака да биде резерва на Тибо Куртоа, па бара нов предизвик.

Вечерва неколку извори од Шпанија пренесоа дека Реал Мадрид е во напредни преговори со ПСЖ и голманот е многу блиску до преселба во Париз.

Во моментов нема детали за висината на обесштетувањето но се вели дека Кејлор Навас на „Паркот на Принцовите“ ќе заработува 7 милиони евра годишно, што е за 2 милиони евра повеќе од она што во моментов го добива на „Сантијаго Бернабеу“.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе