- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 74НОВИ / 24h
- 1 од 13
- следно ›
- Контакт
Корекции на распоредот во Премиерлигата поради ковид-19
Натпреварот меѓу Астон Вила и Тотнем е одложен, тимот на Мурињо во среда ќе игра против Фулам

Премиерлигата потврди дека натпреварот меѓу Астон Вила и Тотнем кој требаше да се игра во среда се одложува поради позитивни фудбалери на ковид-19 во тимот од Бирмингем.
Но направени се корекции во распоредот, па Тотнем сепак ќе игра меч во Премиерлигата во среда, тие ќе го пречекаат Фулам во натпревар кој претходно беше одложен.
Како резултат на тоа, натпреварот меѓу Фулам и Челси од петок се преместува за сабота, додека мечот меѓу Астон Вила и Евертон од сабота се префрла за недела.
Фудбал
Објавено на
11 Јануари 2021 - 14:13