Непријатно искуство за напаѓачот на Барселона

Насилен грабеж во домот на Обамејанг, напаѓачот бил врзан и тепан

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Пјер Емерик Обамејанг утрово имал непријатна епизода, напаѓачот на Барселона бил истепан и ограбен во својот дом.

Пјер Емерик Обамејанг е последниот фудбалер кој е мета на крадци, напаѓачот на Барселона утрово имал прилично непријатна епозада откако најмалку четири лица влегле во неговиот дом.

Габонецот и неговата сопруга биле врзани и еден час лежеле на подот, Пјер Емерик Обамејанг исто така бил удрен неколку пати од напаѓачите, а му бил вперен и пиштол во глава.

Очигледно заканите вродиле со плод, крадците го отвориле сефот, одзеле накит и скапоцени предмети и побегнале со бело Ауди.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе