Серија А

Наполи во меч со седум гола го победи Кротоне, асистенција на Елмас (ВИДЕО)

Наполи со 4-3 го победи Кротоне и освои три многу важни бодови во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите, Елиф Елмас ги одигра последните 30 минути од мечот. 

Наполи одлично го почна мечот, со голови на Инсиње и Осимен дојде до рано водство од 2-0, во тие моменти се чинеше дека нема да имаат проблем да дојдат до победата.
 
Во 25. минута Сими намали ина 2-1, а Мертенс десет минути подоцна ја врати предноста од два гола за Наполитанците.
 
Сепак во првите 15 минути од вториот дел Наполи прими два гола, Сими и Месиас реализираа и Кротоне изедначи на 3-3.
 
Веднаш потоа влезе Елмас и асистираше за гол на Ди Лоренцо кој значеше победа од 4-3.
 
Пандев не настапи за Џенова која одигра 1-1 против Фиорентина.
 
Аталанта со 3-2 го совлада Удинезе, Несторовскки не влезе во игра.
 
Лацио со 2-1 ја совлада екипата на Специја, Рома одигра 2-2 кај Сасуоло, со ист резултат заврши и дуелот меѓу Бенвернто и Парма, Верона со 2-0 славеше гостинска победа кај Каљари.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе