Серија А

Наполи убедлив против Удинезе, 15 минути за Елмас (ВИДЕО)

Наполи со 5-1 го победи Удинезе и дојде до три значајни бодови во борбата за позициите кои водат во Лигата на шампионите, Елиф Елмас и овој паат влезе во финишот од мечот. 

Наполи е на добар пат да го завери пласманот во Лигата на шампионите, денеска на убедлив начин дојдоа до победа над Удинезе.
 
Елиф Елмас и овој меч го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 76. минута од натпреварот.
 
Зиелински во 28. минута го отвори мечот, а три минути подоцна Руиз зголеми на 2-0, пред крајот на првото полувреме Окака намали на 2-1.
 
Во 56. минута Лозано зголеми на 3-1, а сите дилеми околу победникот ги реши Ди Лоренцо десет минути подоцна кој реализираше за 4-1.
 
Точка на натпреварот стави Инсиње во првата минута од судиското продолжение кој погоди за конечни 5-1.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе