Серија А

Наполи убедлив кај Каљари, Џенова одигра реми против Лацио (ВИДЕО)

Наполи со 4-1 победи кај Каљари, Елмас ги одигра последните 15 минути, Џенова на свој терен ремизираше 1-1 против Лацио, Пандев поради повреда го пропушти натпреварот. 

Наполи со сигурна победа и три бода ја стартуваше новата година, Елмас повторно почна од клупата, во игра влезе во 77. минута.
 
Зиелински постигна два гола, по еднаш реализираа Лозано и Инсиње кој погоди од пенал.
 
Џенова може да биде задоволна со бод против Лацио кој важеше за сериозен фаворит во овој меч. Лацијалите поведоа со гол на Имобиле од пенал во 15. минута, израмни Дестро во 58. минута.
 
Рома со гол на Џеко во 72. минута дојде до минимална победа од 1-0 против Сампдодрија.
 
Аталанта со убедливи 5-1 го совлада Сасуоло. Запата постигна два гола, по еднаш погодија Песина, Госенс и Муриел.
 
Во останатите мечеви Фиорентина и Болоња одиграа без голови, Торино ја победи Парма на нејзин терен со 3-0, Верона со 1-0 славеше кај Специја.

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе