И Несторовски и Елмас натпреварот го почнаа од клупата за резерви. Несторовски во игра влезе во 81. минута, а Елмас во 68.
Наполи добро го отвори мечот, поведе со гол на Инсиње во 15. минута од пенал, но десетина минути подоцна Удинезе изедначи со погодок на Лазања.
Во 90. минута по центаршут на Руи, Бакајоко погоди со глава за победа на Наполи од 2-1.