Наполи

Наполи сериозно се засилува за следната сезона, Хамес Родригез е блиску до потпис

Наполи и Реал Мадрид се во напредна фаза од преговорите за Хамес Родригез кој е многу блиску до трансфер во Серија А.

Наполи се договорил да плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица на Хамес Родригез од Реал Мадрид, но има разлика во опцијата за комплетен откуп.
 
Во договорот кој треба да го потпишат Наполи и Реал Мадрид, треба да биде едногодишната позајмица на Хамес Родригез плус опција за комплетен откуп.
 
Наполи сака да даде 10 милиони евра за позајмица, тоа му одговара и на Реал Мадрид. Но италијанскиот клуб нуди дополнителни 30 милиони евра за комплетен откуп, а кралскиот клуб бара 40.
 
Се верува дека во наредните денови двата клуба ќе најдат заеднички јазик, ќе направат компромис и Наполи ќе биде следниот клуб на Хамес Родригез.
 
Колумбиецот изминатите две години ги помина во Баерн Минхен, но Германците не сакаа да ја искористат опцијата да го откупат за 40 милиони евра.
 
Реал Мадрид го купи Родригез во 2014 година од Монако за 75 милиони евра, но тој не ги исполни очекувањата кои навивачите ги имаа од него.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе