Серија А

Наполи се врати во топ четири, Беневенто во 93. минута прими гол кој може да го чини опстанок (ВИДЕО)

Наполи со 2-0 славеше на гостувањето кај Фиорентина и се врати пред Јувентус на табелата, Беневенто имаше добиен меч против Кротоне но го прокоцка во самиот финиш. 

Со голови на Инсиње и Зиелински во второто полувреме, Наполи дојде до многу важни три бода од гостувањето кај Фиорентина. Елмас не настапи на овој натпревар.
 
Во последното коло Наполи ја пречекува Верона и со победа ќе обезбеди место во Лигата на шампионите.
 
Беневенто поведе со 13. минута против Кротоне со 1-0. Гостите во 24. минута останаа со фудбалер помалку откако Големик доби црвен картон.
 
Домаќините брка важни три бода, повеќе од еден час имаа предност од играч повеќе на теренот против испаднатиот Кротоне, не дадоа уште еден гол, па примија во 93. минута, Сими погоди за конечни 1-1.
 
Беневенто се уште има шанси за опстанок, но мора Торино во вторник да го загуби заостанатиот меч кај Лацио, а тие во последното коло во директен дуел за опстанок да го победат Торино. 
 
Сампдорија со гол на Кваљарела од пенал победи на гостувањето кај Удинезе со 1-0.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе