Серија А

Наполи се изнапромашува, Каљари казни во финишот, Интер го совлада и Лацио за пет од пет (ВИДЕО)

Наполи остана со празни раце против Каљари, домаќините промашија еден куп шанси па беа казнети во финишот, Интер го совлада Лацио за максимален ефект и пет од пет.

Интер прокнижи нови три бода, вечерва на „Џузепе Маеаца“ беше совладан Лацио со 1-0. По речиси три години, „нероаѕурите“ слават против „бјанкочелестите“ на домашен терен.

Стрелец на единствениот гол на мечот беше Д’Амброзио, кој одлично се снајде по еден центар шут и со глава погоди во 23. минута. Лацио имаше неколку добри шанси да изедначи, но Хандановиќ беше извонреден на голот и се погрижи мрежата да не биде затресена.

Каљари го изненади Наполи и славеше на Сан Паоло со 0-1. Домаќините имаа еден куп шанси, а откако не ги искористија своите прилик, Кастро во 87. минута го шокираше фаворитот. Нашиот Елиф Елмас не доби шанса и од клупата го проследи мечот.

Фиорентина конечно ја забележа првата победа оваа сезона откако со 2-1 ја совлада Сампдорија. Парма со 1-0 го совлада Сасуоло, Лече со 1-3 триумфираше на гостувањето кај СПАЛ а на мечот помеѓу Џенова и Болоња немаше голови.

Претходно, во 19 часот, Аталанта со 0-2 го доби гостувањето во Рим кај Рома.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе