Серија А

Наполи рутински против Каљари за шест од шест, Елмас доби 20 минути (ВИДЕО)

Наполи без многу мака славеше против Каљари со 2-0 за шест од шест во Серија А, нашиот Елиф Елмас доби шанса во второто полувреме и на теренот помина дваесетина минути.

„Наполитанците“ го задржаа 100% учинок, вечерва пред своите навивачи рутински го совладаа Каљари со 2-0 за шест од шест и 18 бода на врвот на табелата.

Резултатот беше отворен во 11. минута, Ангиса одлично го уфрли Зелински, кој испрати остра топка во петерецот за Осимен да реализира за 1-0.

Дилемите беа решени по десетина минути игра во второто полувреме, Годин наивно стартуваше врз Осимен и направи пенал, а Инсиње погоди од белата точка за 2-0.

Елиф Елмас натпреварот го започна од клупата за резерви, доби шанса во второто полувреме и на теренот помина дваесетина минути.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе