Македонецот во проблеми поради интервју

Наполи претерува, се закани дека ќе го казни Елмас поради тоа што разговарал со медиумите

Елиф Елмас може да биде удрен по џебот, Македонецот си направи проблем откако денеска разговарал со медиумите без дозвола и ја прекршил наредбата за молк издадена од Наполи.

Наполи минува низ турбулентен период откако сопствениот Де Лаурентис го прати тимот во карантин, за само неколку дена подоцна играчите да направат бојкот и наместо во тимскиот хотел да заминат дома.

Се најавуваа казни, имаше гласини дека одредени имиња ќе бидат продадени, фановите застанаа зад клубот и ги навредуваа фудбалерите, а беа извршени и серија грабежи. Но се чини дека „наполитанците“ малку претеруваат во целата ситуација откако денеска најавија дека размислуваат да го казнат Елиф Елмас.

Проблем е тоа што Македонецот разговарал со медиумите без дозвола и ја прекршил нредбата за молк.

„Наполи се уште има шанси за Скудетото, се уште е само почеток на сезоната. Јувентус е во пол позиција и го има најсилниот состав, но како што титулата се освојува, може и да се загуби. Неклку клубови се во трката како Интер, Наполи и Рома, па очекувам да биде неизвесно на врвот до самиот крај“ – вели Елиф Елмас, кој имаше и коментар за дуелот со Милан во следното коло.

„Ќе биде тешко, но ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Среќен сум што играм во Италија и Наполи е еден од најдобрте клбови во Серија А“.

Кратко потоа на социјалните мрежи Наполи испрати соопштение во кое беше најавена санкција за Елиф Елмас.

„Наполи може да потврди дека Елиф Елмас разговарал со медиумите без дозвола од клубот во период кога има молк. Наполи го задржува правото да го казни играчот“ – се вели во известувањето потпишано од портпаролот Никола Ломбардо.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе