Серија А

Наполи одново испушти водство и мораше да се задоволи со бод против Милан, Елмас одигра 90 минути на Сан Сиро (ВИДЕО)

Наполи мораше да се задоволи само со бод од гостувањето кај Милан, гостите одново испуштија водство откако Бонавентура со проектил од 16 метри го откажа голот на Лозано, нашиот Елиф Елмас одигра 90 минути на Сан Сиро.

Во дуел на два тима кои се во резултатска криза, Милан и Наполи одиграа 1-1 на Сан Сиро. Гостите го имаа поседот на топката, креираа и повеќе шанси, но на крајот мораа да се задоволат со бод.

Резултатот беше отворен во 24. минута, Инсиње ја погоди пречката, Лозано стигна прв до одбиената топка и со глава реализираше за водство на „наполитанците“. Пет минути подоцна, стигна одговорот на домаќините. Бонавентура испрати проектил од 16 метри и изедначи на 1-1.

Елиф Елмас беше стартер и одигра цел меч. Македонецот во 69. минута влезе во бележникот на судијата поради обид да изнуди пенал. „Дијамантот“ се најде во гол шанса, Донарума излезе да го затвори аголот, можеби дојде до минимален контакт, но Елмас театрално падна па Орсато наместо да покаже на белата точка извади жолт картон.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе