Кралевите бараат замена за Серхио Рамос

Наполи одбил 90 милиони евра од Реал Мадрид за Кулибали

Серхио Рамос сака да го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок, а дека е тоа вистина говори фактот што кралскиот клуб се обидува да најде негова замена.

Шпанските медиуми пишуваат дека Серхио Рамос сака да си оди од Реал Мадрид, тој имал и состанок со Флорентино Перез на кој го известил за неговата намера да ја промени средината.
 
Дека ваквите шпекулации имаат здрава позадина е фактот што денеска во италијанските медиуми пишува дека Наполи одбил понуда од Реал Мадрид за Кулибали вредна 90 милиони евра.
 
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и претходно изјави дека има одбиено понуда за Кулибали од околу 100 милиони евра, се верува дека таа била од Манчестер јунајтед.
 
Сега „Кориере дело Спорт“ тврди дека Реал Мадрид се обидува да дојде до потписот на Кулибало кој треба да биде наследникот на Рамос.
 
Кулибали во договорот со Наполи има откупна клаузула од 150 милиони евра, но таа станува активна од летото 2020 година, дотогаш само ако пристигне прифатлива понуда за Де Лаурентис тој може да замине.
 
Се верува дека Реал Мадрид ќе се врати со повисока понуда и ќе се обиде да го убеди Наполи да им го продаде дефанзивецот.
 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе