Де Лаурентис и Ањели сакаат да ги бојкотираат националните мечеви

Наполи не сака да го пушти Елмас за мечот против Грузија

Наполи и Јувентус планираат да не ги пуштат своите фудбалери на репрезентативна должност за престојните мечеви од Лигата на нации. 

Италијанските медиуми пишуваат дека претседателите на Наполи и Јувентус, Аурелио Де Лаурентис и Андреа Ањели сакаат да ги бојкотираат националните натпреварувања и да не ги пуштат своите фудбалери за престојните мечеви.
 
Според „Кориере дело Спорт“, Наполи и Јувентус сакаат да го следат примерот на Вердер од Бундеслигата кој претходно не дозволи пет фудбалери да играат за своите национални тимови.
 
Доколку ги остварат своите намери, тоа ќе биде голем хендикеп за Македонија, Игор Ангеловски нема да може да смета на Елиф Елмас за мечот со Грузија кој има историско значење за нашата репрезентација.
 
Сепак мали се шансите за такво нешто, УЕФА нема да дозволи почеток на еден таков тренд во кој клубовите би забранувале на своите фудбалери да играат за националните тимови.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе