Од 3-0 до 3-3 за 15 минути, па им подарија победа на „Бјанконерите“

Наполи направи голем кам-бек среде Торино па трагично загуби од Јувентус со автогол во 92. минута (ВИДЕО)

Јувентус слави во дерби пресметката со Наполи, гостите направија голем кам-бек и се вратија од 3-0, но Калиду Кулибали ја затресе сопствената мрежа во 92. минута и на „Старата дама" и подари триумф од 4-3.

Луд натпревар во Торино, Јувентус водеше со 3-0 по еден час игра, но Наполи се врати со три гола за 15 минути. Сепак гостите останаа со празни раце откако Калиду Кулибали си постигна автогол во 92. минута од мечот.

Резултатот беше отворен во 16. минута, по една брза контра, Данило реализираше за 1-0 само 30 секунди откако влезе во игра на местото на повредениот Де Шиљо.

Во 19. минута веќе беше 2-0. Гонзало Игуаин си поигра со Кулибали и биеше неодбранливо под пречката. Јувентус потоа имаше уште две добри прилики преку Кедира, но мрежите мируваа до крајот на првиот дел.

Анчелоти направи две измени на стартот од второто полувреме, Лозано и Руи влегоа во игра, Наполи за нијанса заигра подобро, но Јувентус од својата прва посериозна акција во продолжението од мечот поведе со 3-0 со голот на Роналдо.

И многумина веројатно веќе тука мислеа дека е решено прашањето за победникот, но гостите не се предадоа и се вратија во игра со два брзи гола. Најпрво по еден прекин Манолас намали на 3-1, за 120 секунди подоцна Лозано да финишира една добра акција за 3-2.

Во 81. минута, по еден нов прекин Ди Лоренцо ја затресе мрежата на Шчесни за 3-3.

И кога се очекуваше дербито да заврши со поделба на бодовите, Кулибали реагираше неспретно во втората минута од судиското надополнување и му подари триумф на Јувентус.

Нашиот Елиф Елмас доби шанса во последните 15 минути, и сосема добро ја одработи својата задача на средината од теренот.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе