Серија А

Наполи му пресуди на Кротоне, Милан ќе игра во Лига Европа (ВИДЕО)

Наполи ја реши битката за опстанок во Серија А откако со 2-1 триумфираше над Кротоне, Милан со „петарда" против Фиорентина го потврди настапот во групната фаза Лига Европа

Со одигрување на натпреварите од 18 часот позната е разврската за настап во Лига Европа и опстанок во Серија А. Милан со убедлив триумф од 5-1 над Фиорентина заврши како шести и обезбеди директен пласман во Лига Европа. Аталанта го осови последното место кои носи во најмасовното европско натпреварување, но тимот од Бергамо својата авантура ќе ја започнат уште во квалификациите.

Што се однесува до опстанокот, Наполи го испрати Кротоне во втора лига откако на Сан Паоло го совлада со 2-1.

Со ваков исход во Неапол, битката за опстанокот практично беше решена, но сите три екипи на кои им „гореше“ на крајот славеа. Каљари со 1-0 триумфираше над Аталанта, Удинезе со ист резултат ја доби Болоња а СПАЛ стигна до победа од 3-1 над Сампдорија.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе