Елиф Елмас ги одигра последните 20 минути од супериорниот меч на Наполи во кој го победија Ливерпул со 4-1.
Уште по првото полувреме беше 3-0, а можеше и повеќе. Зиелински од пенал, Ангуиса и Џовани Симеоне ги постигнаа головите во првите 45 минути, а Осимен промаши удар од белата точка.
Во вториот дел Зиелински погоди за 4-0, а Ливерпул преку Луис Диаз намали на 4-1, што беше и конечен резултат на мечот.
Баерн Минхен со 2-0 победи на гостувањето кај Интер, Сане во 25. минута, и автогол на Дамброзио во 66. минута беа головите на овој меч.
Роберт Левандовски постигна хет-трик во победата на Барселона од 5-1 над Викторија Плзен. Другите два гола беа дело на Кеси и Феран Торес.
Тотнем со два гола на Ришарлисон го победи Марсеј со 2-0 кој цело второ полувреме го играше со фудбалер помалку поради црвен картон.
Луд натпревар се одигра во Мадрид каде Атлетико со 2-1 го совлада Порто, сите три гола беа постигнати во судиското продолжение.
Атлетико поведе со гол на Хермосо во 92. минута, а Урибе во 96. минута изедначи на 1-1.
Кога се чинеше дека тоа е чудото, Гризман даде гол во 11та минута од судиското продолжение за победа на Атлетико Мадрид од 2-1.
Клуб Бриж со 1-0 го совлада Баер Леверкузен. Претходно Ајакс го 4-0 славеше над Ренџерс, а Спортинг со 3-0 го победи Ајнтрахт во Франкфурт.