Веќе подолго време Елмас не е стартер за Наполи, во игра влегува во текот на второто полувреме, така беше и денеска кога доби шанса од 77. минута, кога неговиот тим веќе водеше со 5-0.
Серијата голови ја отвори Кулибали со гол уште во седмата минута, а осум минути подоцна Осимен зголеми на 2-0.
Во 19. минута Лозано даде гол за веќе убедливи 3-0, а две минути подоцна Мертенс зголеми на 4-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
По девет минути игра во вториот дел Мертенс постигна уште еден гол за 5-0, а шестиот гол за Наполи беше дело на Рахмани во 80. минута. До крајот на мечот Лопез постигна само почесен гол за Сасуоло.