Лига на шампиони

Наполи и РБ Лајпциг се збогуваа од Лигата на шампионите, познати сите учесници во нок-аут фазата

Наполи добива пофални зборови од сите страни за убавиот фудбал кој го игра, но „Наполитанците" се збогуваа со Лигата на Шампионите откако не ја преживеаја незгодната група со Манчестер Сити, Шахтар и Феенорд

Со вечерашните натпревари заврши групната фаза од Лигата на шампионите и познати се сите учесници во осминафиналето.

Најелитното европско натпреварување во февруари ќе продолжи без Наполи, тимот кој добива пофалби за убавиот и офанзивен фудбал кој го негува.

На „Наполитанците“ им требаше победа на гостувањето кај Феенорд како и услуга од Манчестер Сити но ништо од тоа не се случи.

Избраниците на Сари иако поведоа во Ротердам, на крајот загубија со 2-1, а Шахтар со истиот резултат славеше над Манчестер Сити и му го нанесе првиот пораз на Пеп Гвардиола оваа сезона.

Од Лигата на Шампионите се збогува и дебитантот РБ Лајпциг. „Биковите“ вечерва загубија со 1-2 на домашен терен од Бешикташ, а Порто со победа од 5-2 над Монако го потврди второто место во групата.

Ливерпул со 7-0 го совлада Спартак за првото место, па Севиља и со 1-1 против Марибор стигна до втората позиција.

Тотнем од претходно го имаше обезбедено првото место, па победата над АПОЕЛ не им беше од големо значење, исто како и триумфот на Реал Мадрид од 3-2 над Борусија Дортмунд.

Екипите кои ќе бидат на ждрепката за осминафинале:

Носители: Манчестер јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити, Бешикташ и Тотнем

Неносители: Базел, Баерн Минхен, Челси, Јувентус, Севиља, Шахтар, Монако и Реал Мадрид

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе