Доби и добредојде од газда Де Лаурентис

Наполи и официјално го потврди трансферот на Елмас, Македонецот стави потпис на договорот (ФОТО)

Елиф Елмас го комплетираше трансферот во Наполи, клубот од Сан Паоло попладнево соопшти дека фудбалерот од средниот ред ставил потпис на договорот.

Македонецот е ново засилување за Карло Анчелоти откако Наполи и Фенербахче договорија трансфер вреден 16 милиони евра, плус уште 3 додатни милиони евра во бонуси.

Елиф Елмас вчера ги помина редовните лекарски прегледи и им се приклучи на новите соиграчи на тренинг кампот во Димаро. Попладнево стави и потпис на договорот, за кој се верува дека е вреден 7,5 милиони евра за пет години.

И како што е редот, доби добредојде од првиот човек на клубот.

„Добредојде Елиф во Наполи“ – гласеше постот на Твитер на Аурелио Де Лаурентис, кој на овој начин ги пречекува и всушност ги потврдува новите играчи. Кратко потоа следеше и официјалното соопштение на Наполи, кое беше само формалност.

„Наполи може да соопшти дека го купи Елиф Елмас од Фенербахче“- гласеше известувањето.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе