Лига Европа

Наполи и Елмас рутински против Риека, Тотнем убедлив против Лудогорец (ВИДЕО)

Наполи без многу проблеми стигна до триумф од 2-0 над Риека, Елиф Елмас одигра нешто повеќе од еден час, Тотнем беше убедлив против Лудогорец и славеше со 4-0.

Во натпревар полн со емоции, Наполи рутински ја совлада Риека со 2-0. Неапол вечерва му оддаде почит на Диего Марадона, навивачите се собраа пред Сан Паоло и со песни и пиротегника му кажаа збогум на својот миленик.

Елмас и соиграчите со дресови на Марадона излегоа на теренот и пред да почне да се тркала топката имаше едноминутен молк.

Фудбалот беше во втор план, домаќините немаа многу инспирација но стигнаа до трите бода.

Кон финишот на првиот дел, Анастасио си ја затресе сопствената мрежа а дилемите беа решени во 75. минуга, Лозано погоди за 2-0.

Во Лондон, Тотнем беше убедлив против Лудогорец и триумфираше со 4-0. Винисиус два пати ја тресеше мрежата во првиот дел, Винкс во 63. минута погоди спектакуларно речиси од половина терен а конечниот резултат беше дело на Лукас во 73. минута.

Рома со 0-2 победи на гостувањето кај ЦФР Клуж и им се придружи на Арсенал, Лестер и Хофенхајм како екипи кои веќе имаат место во нок-аут фазата од Лига Европа.

Резултати на натпреварите во Лига Европа од 21 часот:

АЗ Алкмар - Реал Сосиедад 0:0
Баер Леверкузен - Х. Бер Шева 4:1
ЦФР Клуж - Рома 0:2
Дандалк - Рапид Виена 1:3
Гранада - Омонија 2:1
Наполи - Риека 2:0
Ница - Славија Прага 1:3
ПСВ - ПАОК 3:2
Ренџерс - Бенфика 2:2
Стандард - Лех 2:1
Тотнем - Лудогорец 4:0

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе