Лига Европа

Наполи и Челси цврсто чекорат кон четвртфинале, Валенсија ќе треба да ја доврши работата во Русија (ВИДЕО)

Челси и Наполи ги забележаа најубедливте победи во првите натпревари од осминафиналето во Лига Европа, со 3-0 славеа против Динамо Киев односно РБ Салцбург.

Домаќините доминираа во вечерните три меча во Лига Европа. Челси и Наполи со една нога се во следната рунда откако со идентични 3-0 триумфираа над Динамо Киев односно РБ Салцбург.

Педро ги донесе „сините“ во водство во 17. минута, Вилијан од слободен удар зголеми на 2-0 во 65. минута за во последните мигови Одои да го постави конечниот резултат.

Во Неапол, домаќините одлично го отворија мечот и по 20 минути веќе водеоа со 2-0 со головите на Милик и Руиз. На стартот од вториот дел, Онгене си постигна автогол за 3-0.

На Местаља, Родриго со два гола донесе водство за Валенсија од 2-0 на полувремето, но Краснодар реалзираше во 63. минута, па патникот во осминафиналето ќе се решава следната недела во Русија.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе