Наполитанците експресно го промовираа наследникот на Анчелоти

Наполи го назначи Гатузо за нов тренер

Елмас има нов тренер, Наполи потврди дека Џенаро Гатузо е наследникот на Карло Анчелоти. 

Не поминаа ниту 24 часа откако му врачи отказ, Наполи го промовираше новиот тренер, тоа е Џенаро Гатузо.
 
„Ова беше лесна одлука. Наполи со години веќе е еден од водечките клубови во Италија и Европа. Поминуваат низ тежок период сега, но најголем дел од фудбалерите, 90 проценти се тип на играчи кои можат да го играат фудбалот кој јас го сакам“, вели Гатузо.
 
Гатузо беше без работа по разделбата со Милан, а покрај росонерите, беше тренер и на Сион (играч тренер), ОФИ, Палермо и Пиза.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе