Серија А

Наполи го доби дербито со Милан и го израдува Интер, 15 минути за Елмас (ВИДЕО)

Наполи цели седум натпревари по ред немаше гостинска победа, конечно се израдуваа на триумф надвор од дома и тоа совладувајќи го Милан на негов терен, Елмас ги одигра последните 15 минути од мечот. 

Милан веќе го изгуби чекорот со Интер, по ова голот имаат негатива од девет бодови, па во наредниот период треба да се фокусираат на битката за останување во топ четири која нема да биде лесна.
 
Наполи освои три многу значајни бода во таа борба за позициите кои водат во Лигата на шампионите.
 
Стрелец на единствениот гол беше Политано по четири минути игра во второто полувреме.
 
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во игра влезе во 75. минута од натпреварот.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе