Инсиње блескаше

Наполи без Елмас го растури Ливерпул во Единбург (ВИДЕО)

Наполи го фрли европскиот шампион Ливерпул на колена, „наполитанците" без нашиот Елиф Елмас го добија пријателскиот меч во Единбург со 3-0.

На десетина дена пред почетокот на сезоната, Наполи го потсети актуелниот шампион на Европа дека нема простор за опуштање. Без Салах, Мане и Фирмино во форот, „црвените“ не беа опасни во нападот, а Наполи знаеше како да ја казни секоја грешка.

Резултатот го отвори Инсиње во 17. минута. Ориги загуби една топка, Наполи тргна во брза контра, а Италијанецот од врвот на шеснаесетникот погоди за 1-0.

Во 29. минута нова грешка на средината од теренот го чинеше Ливерпул гол, Инсиње му асистираше на Милик за 2-0.

Конечните 3-0 беа поставени на стартот од вториот дел. Инсиње доби топка во фор, овој пат Мињоле го одбрани неговиот удар, но Јунес најдобро се снајде во мешаницата која настана по одбиената топка и реализираше за 3-0.

Нашиот Елиф Елмас не беше дел од пресметката во Шкотска, тој остана во Димаро да работи на својот фитнес.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе