Падна пресуда за немилиот настан од летоска

Напаѓачот на Озил и Колашинац доби 10 години затвор

Судот во Лондон донесе пресуда за еден од напаѓачите на Месут Озил и Сеад Колашинац, 30 годишниот Ешли Смит доби 10 години затвор за обидот за грабеж на дуото од Арсенал.

30 годишниот Eшли Смит во затвор ќе лежи 10 години поради обидот да ги ограби Месут Озил и Сеад Колашинац и да замине со плен вреден околу 200.000 фунти. Денеска во Лондон беше изречена пресуда за инцидентот кој се случи во јули месец.

Вториот напаѓач, 26 годишниот Џордан Нортовер исто така призна вина, но неговата казна ќе биде дополнително одредена.

Судијата објасни дека Ешли Смит бил криминалц добро познат на полицијата. Тој заедно со Џордан Нортовер најпрво украле мопед, а потоа со кациги на главата и темна облека за да го сокријат идентитетот, од заседа ги нападнале фудбалерите на Арсенал со ножеви. Сепак тие не го предвиделе храбриот потег на Сеад Колашинац кој скокна да се тепа со нив и воопшто не се исплаши.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе