Другарите му фаќаа сеир, но сега може да му завидуваат

Напаѓач на Парма го бара фанот на кој со топка му го турна пивото (ВИДЕО)

Фудбалерот на Парма, Андреас Корнелиус вети дека ќе го части пиво навивачот на кој со топка му ја турна пијачката на трибините. 

Инцидентот се случи на неделниот меч кога Парма со 1-0 победи на гостувањето кај Сасуоло.
 
За време на загревањето, Корнелиус со топка удри навивач на Парма кој штотуку си ја отвори лименката со пиво и се обиде да се напие голтка. Кога му падна пивото поради ударот, другарите го задеваа навивачот.
 
Андреас Корнелиус преку официјалниот тивтер профил на Парма му вети на навивачот ново пиво.
 
„Здраво, ова е за човекот на кој го удрив за време на загревањето кај Сасуоло. Пред се ми е жал, и се разбира ќе го вратам пивото. Може да се сретнеме некаде на пијачка, се разбира јас ќе пијам сок од јаболко а ти ќе можеш да си го добиеш твоето пиво“, изјави Корнелиус.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе