Сите сакаат да се сликаат со македонскиот фудбалер

Наместо во Неапол, Елмас од денеска е во Истанбул на подготовки со Фенер (ВИДЕО)

Дел од италијанските медиуми објавија дека Елиф Елмас денеска треба да ги помине медицинските прегледи во Наполи, но ништо од тоа, македонскиот фудбалер е во Истанбул да се приклучи на подготовките на Фенербахче.

Синоќа речиси сите медиуми од Италија објавија дека Елмас наскоро ќе биде нов фудбалер на Наполи, можеби тоа ќе биде точно, но тој денеска пристигна во Истанбул.
 
Елмас на аеродромот беше пречекан како вистинска ѕвезда, луѓе се сликаа со него, а тој даде и кратка изјава.
 
„Не знам ништо за трансферот. Тука сум да се приклучам на подготовките“, изјави Елмас запрашан за трансферот во Наполи.
 
Можеби се уште се финализира договорот, па тоа што беше најавено за денеска ќе се случи во наредните денови. Останува да видиме.
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе