Квалификации за ЕП 2021

Наместо три, Македонија освои само еден бод против Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра само 1-1 против Казахстан во квалификацискиот натпревар за ЕП 2021 кој се играше во Скопје. 

По победите над Фарските Острови и Црна Гора, избраниците на Благоја Милевски целеа на трета победа, Казахстан требаше да падне во Скопје, Македонија беше фаворит но работите не се одвиваа како што посакувавме.
 
Натпреварот почна добро за нас, нападнавме уште од самиот почеток, офанзивната игра вроди со плод во 20. минута кога Милан Ристовски постигна гол за водство на Македонија од 1-0.
 
Нашата селекција пропушти уште неколку убави шанси за да има поголемо водство во првото полувреме, а во вториот дел следуваше несфатлив пад.
 
Македонија речиси не играше ништо во вторите 45 минути, Казахстан почнуваше да станува се поопасен и на 15 минута преку Омиртаев изедначи на 1-1.
 
Во финишот Македонија се обиде да дојде до ново водство но не успеа, натпреварот заврши нерешено, наместо три, освоивме само еден бод.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе