Ќе треба да понудат многу повеќе

Наместо рекорден, предлогот испадна смешен, обелоденети детали од понудата на Џиангсу за Реал и Бејл

Џиангсу Сунинг сака да го донесе Герет Бејл во Кина, но ќе треба да понуди далеку подобри услови, првиот предлог од 22 милиони евра за Реал и плата од 17 милиони евра годишно за играчот е одбиен.

Велшанецот не е дел од плановите на Зинедин Зидан па Реал Мадрид се обидува да се ослободи од Герет Бејл. Но тешко се наоѓа купец кој ќе плати убаво обесштетување за „кралевите“ и плата од петнаесетина милиони евра по сезона за играчот.

Два клуба од Кина пројавија интерес, дури се говореше и за рекордна плата од 1 милион евра неделно, но последните извештаи говорат дека првиот предлог бил прилично смешен.

Џиангсу Сунинг на Реал Мадрид му понудил 22 милиони евра, а за Герет Бејл подготвил двегодишен договор и основна плата од 17 милиони евра годишно.

Секако, под вакви услови ниту „кралевите“ се сложиле на продажба ниту пак Велшанецот прифатил преселба на Далечниот Исток.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе