Серија А

Наместо подобар, Наполи е полош со Гатузо, пораз и од Фиорентина

Продолжува мизеријата на Наполи,, вечерва „наполитанците" пред своите фанови загубија од Фиорентина со 0-2 и наредија три порази во низа, односно четири на последните пет натпревари.

На средината од декември, Аурелио Де Лаурентис се раздели со стратег од светска класа како Карло Анчлеоти и го донесе недокажаниот Џенаро Гатузо. Претседателот на Наполи сметаше дека ваквиот потег ќе го врати тимот на победнички патеки, но наместо работите да тргнат на подобро, тие одат на полошо.

Вечерва Наполи со 0-2 загуби дома во пресметката со Фиорентина. Киеза ги донесе „виолетовите“ во предност во првото полувреме, а Влаховиќ со прекрасен погодок во продолжението ги осигура трите бода.

За домаќините ова беше трет пораз во низа односно четврти на последните пет меча. Ваквата серија значеше изедначување на негативен рекорд. Џенаро Гатузо е првиот тренер по Зденек Здеман (во 2000 година) кој има дури четири порази од првите пет натпревари како тренер на Наполи во Серија А.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе