Секој сам ќе си ја одбере казната со вртење „тркало на несреќата“

Наместо парична казна на тренинг со фустан од балерина, Лајпциг воведе креативни казни (ФОТО)

РБ Лајпциг воведе креативни казни, играчите кои ќе доцнат и нема да ги почитуваат правилата наместо да платат неколку сотина или илјади евра, ќе го свртат „тркалото на несреќата".

„Биковите“ изминатово лето имаа големи промени во тренерскиот персонал, Ралф Хасенхитл си замина, па спортскиот директор Ралф Рангник седна на столчето а за помошник донесе име кое малкумина од фановите го имаат слушнато. Се работи за 44 годишниот Џеси Марш, кој три години беше на кормилото на сестринскиот тим Њујорк Ред Бул.

Американецот сега е во центарот на вниманието откако донесе голем иновитет во клубот. Сите тимови имаа воспоставено систем на казни за оние кои доцнат и ги прекршуваат правилата и обично се работи за парични глоби. Но Џеси Марш смета дека ова е клише па измисли „тркало на несреќата“.На тркалото има 11 полиња кои носат казни и едно поле на кое пишува „среќа“, и кое го вади играчот од проблеми.

Идеата е наместо да се удри по џебот на игачите, да им се одземе од слободното време. Платите во фудбалот се толку големи во денешно време што сигурно неколку стотина или илјади евра нема многу да им значат.

Но слободното време е ограничено, па играчите секако ќе сакаат да го поминат правејќи нешто забавно отколку да оработуваат казна како: пумпање и миење топки, да бидат тренери во академијата, да водат тура на стадионот, да ја косат тревата на теренот од тренинг комплексот, да полнат шишиња со вода, да работат во фаншопот, да подготвуваат салати и да чистат маси во кафетеријата, да се грижат за валканите дресови и да чистат копачки, да товараат торби во автобусот или да купуваат подарци за сите 60 вработени во РБ Лајпциг.

Како најлоша казна се смета онаа со која играчите на тренинг ќе треба да се појават со фустан од балерина.

За креативните казни на својот помошник, Ралф Рангник вели: „Паричните казни ретко се ефективни. Играчите повеќе ќе ги здобле доколку останат без слободното време“.


Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе