Соопштение на фудбалерите на Вардар

„Наместо да играме во ЛШ и клубот да продава фудбалери, управата дозволи Вардар да го допре дното“

Фудбалерите на Вардар преку соопштение се огласија за последните случувања во клубот, кој оди во пропаст. 

На Вардаровите фудбалери им беше соопштено да си бараат нови клубови бидејќи Вардар во моментов нема кој да го спаси. Самсоненко крена раце, а нов газда нема на повидок. Долговите на клубот се околу три милиони евра.
 
Денеска фудбалерите на Вардар излегоа со официјално соопштение, кое ви го пренесуваме во целост:

„Почитувана македонска и спортска јавност, ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар. За жал, вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот, која е разочарувачка, и по толку трпение, чекање, непочитување спрема фудбалерите, тренерите, целата администрација и вработените во клубот, не заслуживме ваков крај.

Благодарни сме му на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, но на крај нè разочара сите и нè остави на цедило. Голема срамота до управата на клубот, која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери, тие дозволија клубот да го допре дното. Ние, фудбалерите, секогаш го остававме срцето на терен, се боревме со срце за боите на светиот дрес, имавме прекрасна атмосфера, имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме.

Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар, но со тие лаги не можеме повеќе да издржиме. Сите ние имаме фамилии и нормално треба да гледаме за во иднина. Уште еднаш сакаме да им се заблагодариме на сите што верувавте во нас и нè поддржувавте до самиот крај. Вардар е голем тим, Вардар е најголем бренд во Македонија, нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес, затоа тој клуб не смее да згасне и спасете го што побрзо, за доброто на цела Македонија“, стои во соопштението од фудбалерите на Вардар.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе