Поради една специјална иницијатива на НФЛ

Најтрофејниот тренер во НФЛ синоќа се појави со хрватско знаме на градите

Долгогодишниот тренер на Њу Ингланд патриотс, во НФЛ, Бил Беличик, на синоќешниот натпревар против Грин Беј пакерс се појави во опрема со хрватско знаме на своите гради.

Станува збор за една иницијатива на НФЛ, со која играчите и тренерите оддаваат почит на целото културно наследство на земјите од кои потекнуваат, па секој носи знаме на нацијата на неговите предци на кацигата или на опремата.

Во случајот на Беличик, тој потекнувал од Хрватска. Роден е во Нешвил, Тенеси, а и неговиот татко е целосно „американски производ“, меѓутоа неговите баба и дедо биле мигранти од Хрватска. Иван Биличиќ и Марија Барковиќ, во 1897 година го напуштиле Карловац и заминале во САД.

Биличик сега има 70 години, веќе 22. сезона е тренер на Њу Ингланд, а е апсолутен рекордер и по бројот на титули и по бројот на настапи во финалето во НФЛ, наречено Супер боул. Има девет учества и шест трофеи, а на третото место е на вечната листа по вкупен број на победи, со 291 во кариерата. Пред него се покојните Џорџ Халас и Дон Шула со 318, односно 328.

Хрватското знаме е единственото од земјите од регионот, кое во претстојниве две недели ќе се најде на опремата на играчите или тренерите во НФЛ.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе