Напаѓачот продолжува да ги тресе мрежите

Најскапото засилување на Сити го испофали Халанд: Не сум видел таков играч, тој е неверојатен

Најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити, Џек Грилиш вели дека никогаш не видел фудбалер како Ерлинг Халанд откако напаѓачот синоќа даде два нови погодока против ФК Копенхаген.

Ерлинг Халанд синоќа одигра само едно полувреме против Копенхаген во Лигата на шампиони, но и тоа беше доволно да постигна два нови гола и да стигне до бројката од 19 погодока уште на стартот од октомври.

„Искрено, Халанд е неверојатен! Во животот не сум видел таков играч. Се смеев по првиот и вториот гол, едноставно тој секогаш е на вистинското место во вистинското време“ – вели Џек Грилиш.

Најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити потоа откри што му кажал гостинскиот голман Камил Грабара.

„Голманот на Копенхаген ми кажа нешто за Халанд, ми рече, „Овој не е човек!““

„Се надевам дека Халанд ќе продолжи во исто темпо и ќе не предводи до многу трофеи“.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе