Се одвиваат финалните преговори за неговиот трансфер

Најпосакуваниот млад напаѓач ќе заврши во Јунајтед, Халанд е во Манчестер

Ерлинг Браут Халанд е забележан како патува во Манчестер со неговиот татко, се верува дека двајцата се таму за да ги финализираат преговорите за негов трансфер. 

Младата ѕвезда на Салцбург уште во јануари се очекува да го напушти австрискиот клуб, тоа му го дозволува откупната клаузула која изнесува не повеќе од 30 милиони евра.
 
Поради одличните перформанси, интересот за Халанд е голем, а норвешкиот весник „Ставенгер Афтенблад“ пишува дека фудбалерот и неговиот татко утринава биле видени на аеродромот во Сола како се упатуваат кон Манчестер.
 
Оле Гунар Солшер го купи Халанд во Молде од Брајн во јануари 2017 години и многу добро ги познава квалитетите на напаѓачот.
 
Се верува дека преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и наскоро Халанд ќе биде промовиран како ново засилување за Манчестер јунајтед.
 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе