Форбс ја објави својата листа

Најплатените 100 спортисти заработиле 4 милјарди изминативе 12 месеци, на врвот има тројца фудбалери (ФОТО)

Форбс ја објави својата листа на најплатени спортисти во светот, на првото место е Лео Меси, а потоа следуваат Кристијано Роналдо и Нејмар.

Бизнис магазинот од САД ги откри заработките на најелитните спортисти. Форбс пресметките ги прави за периодот од 1. јуни 2018 до 1. јуни 2019 и во предвид ги зема платите, бонусите, премиите и спонзорските договори. 

За прв пат откако се прави листата, првите три места се окупирани од фудбалери. На врвот е Лео Меси, кој изминативе 12 месеци заработил 127 милиони долари. Зад него е големиот ривал Кристијано Роналдо со 109 милиони евра, додека пак Нејмар е трет со 105 милиони долари. 

Помеѓу најплатените 10 спортисти се и Канело Алварез, Роџер Федерер, Расел Вилсон, Арон Роџерс, Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурант. 

Форбс додава дека најдобро 100 платените спортисти заедно заработиле околу 4 милјарди долари изминатава година. За разлика од претходната листа, сега има и една жена, односно Серена Вилијамс. 

ТУКА можете да ја погледнете целата листа.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе