Излегоа првите прогнози за повредата на Швеѓанецот

Најмалку десет дена пауза за Ибрахимовиќ

Медиумите од Италија пренесуваат дека Златан Ибрахимовиќ ја повредил задната ложа на левата нога, ќе паузира најмалку 10 дена, тогаш ќе му бидат направени нови тестови по што ќе се знае дали ќе се врати.

Златан Ибрахимовиќ со два гола синоќа го предводеше Милан до прва победа на „Сан Паоло“ по 10 години. Напаѓачот сепак предвреме го заврши мечот откако се пожали на болки во левата нога.

Медиумите од Италија сега пренесуваат дека се работи за повреда на задната ложа и напаѓачот ќе паузира најмалку десет дена, кога ќе бидат направени нови тестови, по што ќе се знае дали ќе следи дополнителна пауза или ќе може да се врати на терените.

Ова значи дека Швеѓанецот ќе ги пропушти дуелите со Лил и Селтик во Лига Европа како и пресметката со Фиорентина во Серија А.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе