Не им е на сите до тага, некој сака и да се збогати

Најк престана да продава производи од Коби Брајант за да спречи злобни луѓе да профитираат од трагедијата

Најк реши привремено да ја стопира продажбата на брендирани производи од Коби Брајант, компанијата од Орегон со овој потег сака да спречи препродажба за повисока цена и профит од трагедијата која се случи.

Смртта на Коби Брајант силно ја потресе кошаркарската јавност но и целиот спортски свет, и додека најголемиот дел од луѓето тагуваат и се скршени од болка, има и такви кои сакаат да профитираат од големата трагедија и да се збогатат.

Билетите за одложеното дербито помеѓу ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс на црно се продаваа за десетина пати повеќе, а поскапеа и билетите за следните натпревари на „езерџиите“.

Поучени од ова, Најк реши привремено да ја сптопира продажбата на брендирани производи од Коби Брајант. „Црната мамба“ беше едно од најголемите заштитни лица и компанијата од Орегон сака да спречи препродавање на производите за повисока цена и профитирање од трагедијата.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе