Понуда во 5 до 12

Најбогатиот Британец на маса стави 5 милијарди за да го купи Челси од Абрамович

Џим Ратклиф попладнево соопшти дека понудил 4,25 милијарди фунти (околу 5 милијарди евра) за да го купи Челси од Роман Абрамович.

Најбогатиот Британец во 5 до 12 достави понуда за купување на Челси. Попладнево, Џим Ратклиф соопшти дека на маса ставил 4,25 милијарди фунти или околу 5 милијарди евра.

Од оваа сума, 2,5 милијарди фунти, или околу 3 милијарди евра се за фондот кој Роман Абрамович го најави како помош за жртвите од војната во Украина.

Останатите 1,75 милијарди фунти, или околу 2 милијарди евра ќе бидат во форма на пари инвестирани во Челси во следните 10 години.

Во меѓувреме, медиумите од Англија објавија дека конзорциумот предводен од Стивен Паљука бил известен дека е надвор од трката.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе