Лекип“ најавува голем скандал, француското обвинителство отворило истрага за мечот помеѓу ПСЖ и Црвена звезда во Лигата на шампионите.
Непосредно пред мечот, УЕФА била информирана дека директор на клубот од Србија се подготвува да уплати скоро 5 милиони евра на тоа дека Црвена звезда ќе загуби со пет гола на „Паркот на Принцовите“ и да заработи десетици милиони евра. Наводно директорот планот требал да го спроведе со уште неколку играчи, кои требале да се погрижат да биде остварен саканиот резултат.
Европската куќа на фудбалот веднаш ги информирала француските власти кои започнале истрага и испратиле специјални единци на стадионот за да го следат однесувањето на играчите на Црвена звезда.
Било известено и регулаторното тело за обложување во Франција, кое побарало од своите партнери во Европа да пријават дали има некакви сомнителни облози, но немало никакви аномалии во влоговите, па сега се претпоставува дека сумата од 5 милиони евра доколку навистина била вложена, тоа е сторено некаде во Азија каде има помала контрола.
„Лекип“ стапил во контакт со почесниот претседател на Црвена звезда, Драган Џајиќ кој им одговори: „Вие сте први кои ми кажувате вакво нешто. Не сум слушнал ништо, не е возможно ова, не е вистина!“
ПСЖ пресметката ја доби со 6-1, Црвена звезда загуби со пет гола разлика како што велела и дојавата.