Под знак прашалник ги стави методите на „старата дама“

Нагелсман со провокација до Јувентус: Ќе треба да поработиме со Де Лихт, ми кажа дека четири години немал ваков тренинг

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман под знак прашалник ги стави методите на Јувентус и клубовите од Серија А, откри дека новото засилување Матајс де Лихт се пожалил од интензитетот на тренинзите.

Матајс де Лихт овој месец стави крај на авантурата во Јувентус и се пресели во Баерн Минхен во зделка вредна 67 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

По трансферот на „Алианц Арена“, Холанѓанецот ги налути „бјанконерите“ со дел од своите коментари, а сега сол на раната додава тренерот Јулијан Нагелсман, кој под знак прашалник ги стави методите на Јувентус.

„Разговарав со Де Лихт по првиот тренинг, и ми рече дека ова била најтешката тренинг сесија што ја одработил во последните четири години. Беше тешка, но не беше до толку тешка. Би рекол сосема нормална тренинг сесија подготвена од др. Броих (фитнес тренерот на Баерн)“ – вели Јулијан Наглесман. 

„Очигледно ќе треба малку повеќе да поработиме со Де Лихт. Не одигра многу минути минатата сезона и слушам дека не е лесно да останете фит во Италија“.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе