У21 КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019

Надежите со убедлив триумф над Гибралтар ги завршија квалификациите

Македонската репрезентација до 21 година, убедливо со 6-1 го победи Гибралтар во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година.

Во последното коло од квалфикациите за ЕП 2019, македонските надежи дојдоа до втората победа завршувајќи еден лош квалификациски циклус.
 
Гибралтар беше лесен плен за македонските млади фудбалери кои дури шест пати ја тресеа противничката мрежа.
 
Ѕвезда на натпреварот беше Димитар Митровски кој постигна хет-трик по еднаш реализираа Руфати, Здравковски и Ѓорѓев.
 
Македонија со две победи и едно реми на претпоследното петто место ги заврши квалификациите, првото место го освои Србија пред Русија и Австрија.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе